ИРАН ЌЕ ГИ ОБНОВИ НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТРОЈКИ Не сакаме нуклеарно оружје, тврди претседателот Пезешкијан

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека ќе нареди нови напади врз нуклеарните постројки на Иран доколку Техеран се обиде да ги обнови постројките што САД ги бомбардираше во јуни.

135

Иран ќе ги обнови своите нуклеарни постројки „со уште поголема сила“, изјави денеска иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, јавија светските агенции, повикувајќи се на иранските државни медиуми.

Пезешкијан нагласи дека Иран нема намера да се здобие со нуклеарно оружје.






Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека ќе нареди нови напади врз нуклеарните постројки на Иран доколку Техеран се обиде да ги обнови постројките што САД ги бомбардираше во јуни.

Пезешкијан ја даде изјавата при посетата на иранската Агенција за атомска енергија, за време на состанокот со раководителите на нуклеарната индустрија на Иран.

– Уништувањето на згради и фабрики нема да биде проблем за нас, ние ќе ги обновиме со поголема сила – рече иранскиот лидер.

Во јуни, САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти за кои Вашингтон тврди дека се дел од програма насочена кон развој на нуклеарно оружје. Техеран, пак, тврди дека неговата нуклеарна програма е само за мирни цели.

Поврзани содржини