ИРАН ДА СКЛУЧИ ДОГОВОР ЗА НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, ИЛИ… Трамп се закани дека „следниот напад ќе биде многу потежок“

Претседателот на САД Доналд Трамп се повлече од нуклеарениот договор со Техеран од 2015 година за време на својот прв мандат во Белата куќа.

120

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Иран да „седне на преговарачка маса и да склучи договор за нуклеарно оружје или следниот напад на САД ќе биде многу потежок“.

„Се надеваме дека Иран бргу ќе седне на преговарачка маса и ќе преговара за фер и правичен договор – без нуклеарно оружје – договор што е добар за сите страни. Времето истекува, тоа е навистина од суштинско значење“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).






Претседателот на САД, кој се повлече од нуклеарениот договор со Техеран од 2015 година за време на својот прв мандат во Белата куќа, истакна дека неговото последно предупредување до Иран било проследено со воен удар.

„Следниот напад ќе биде многу полош! Не дозволувајте тоа да се повтори“, напиша Трамп.

Тој исто така изјави дека кон Иран се приближува американска „армада, која е подготвена и способна бргу да ја исполни својата мисија, со брзина и насилство, доколку е потребно“. Трамп наведе дека оваа флота, предводена од големиот носач на авиони „Абрахам Линколн“, е поголема од онаа што била испратена во Венецуела.

Поврзани содржини