ИРАН БАРАЛ ПРЕГОВОРИ, ТРАМП ВЕЛИ ПРЕДОЦНА Техеран бара Обединетите нации да реагираат
„Нивната противвоздушна одбрана, воздухопловство, морнарица и лидери исчезнаа. Сакаат да разговараат. Им кажав: Предоцна!“ - објави Трамп.
Претседателот на САД Доналд Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека е предоцна за преговори со Иран.
Одговарајќи на корисник, кој наведе дека американските напади довеле до „раѓање на доктрина на Трамп“, американскиот претседател одговори:
„Нивната противвоздушна одбрана, воздухопловство, морнарица и лидери исчезнаа. Сакаат да разговараат. Им кажав: Предоцна!“ – објави Трамп.
Иран денеска го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да преземе дејствија за да ги запре нападите на САД и Израел врз Иран.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи Есмаил Багаи на прес-конференција рече дека Советот за безбедност може да го стори тоа „доколку сака“ и „има должност“ да го стори тоа.
„Нема пречка да дејствува со исклучок на неговата сопствена волја“, додаде Багаи.
Како постојана членка на ова тело на светската организација, САД имаат право на вето, потсетуваат агенциите.
САД и Израел на 28 февруари го нападнаа Иран, на што Техеран возврати со напади врз Израел, американските бази и енергетската инфраструктура во земјите од Персискиот Залив.
Техеран го затвори и Ормутскиот теснец, низ кој минува една петтина од светската нафта. Од вчера, војната се прошири во Либан, каде што Хезболах испука ракети кон Израел, кој одговори со воздушни напади врз позициите на шиитската група.