ИРАН БАРА ОД СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ ДА ГИ ОТКРИЈАТ СКРИВАЛИШТАТА НА САД И НА ИЗРАЕЛ Сакаат да бидат прецизни во нападите

145

Портпаролот на иранската армија Аболфазл Шекарчи денеска ги повика земјите од регионот на Блискиот Исток да ги откријат засолништата на „американско-ционистичките сили“.

– Го молам муслиманскиот народ од регионот и земјите од регионот да ни ги покажат скривалиштата на американско-ционистичките сили за да можеме прецизно да ги погодиме оние, кои ги користат луѓето од регионот како човечки штитови – наведе Шекарчи.






Тој тврди дека американските и израелските сили напаѓаат цивили поради „очај и неможност да се соочат со вооружените сили на Иран“.

Поврзани содржини