ИРАН ЈА ПРЕКИНУВА СОРАБОТКАТА СО НУКЛЕАРНОТО НАДЗОРНО ТЕЛО НА ОН „Тие го отворија патот за нападите од Израел“

Претседателот на парламентот, Мохамад Бакер Калибаф, изјави дека МААЕ не се ни обидела да го осуди нападот врз нуклеарните објекти во Иран, обвинувајќи ја дека ја жртвувала својата меѓународна доверливост.

962

Иранскиот парламент го одобри закон отза суспензија на соработката со нуклеарниот надзорен орган на Обединетите нации (МААЕ), објави Ројтерс.

Овој потег доаѓа по воздушната војна со Израел, при што долгорочниот противник на Иран изјави дека има за цел да го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје.






Законот, кој треба да биде одобрен од страна на Советот на чувари на Иран за да стане правосилен, предвидува дека сите идни инспекции од страна на МААЕ ќе мора да добијат одобрение од Врховниот совет за национална безбедност.

Претседателот на парламентот, Мохамад Бакер Калибаф, изјави за државните медиуми дека Иран ќе ја забрза својата цивилна нуклеарна програма.

Резолуцијата на МААЕ му го отвори патот на Израел

Техеран негира дека се стреми кон нуклеарно оружје и тврди дека резолуцијата на МААЕ, донесена овој месец, во која Иран се обвинува за прекршување на обврските за неширење на нуклеарно оружје, го отворила патот за нападите од Израел.

Калибаф изјави дека МААЕ дури не се потрудила ни да го осуди нападот врз иранските нуклеарни објекти и „ја ставила на продажба својата меѓународна кредибилност“.

– Поради ова, Организацијата за атомска енергија на Иран ќе ја суспендира соработката со Агенцијата сè додека не се гарантира безбедноста на нуклеарните објекти, а ќе продолжи со забрзано темпо со мирољубивата нуклеарна програма на земјата – посочи тој.

Парламентарниот Комитет за национална безбедност оваа недела го одобри општиот нацрт на законот, а портпаролот на комитетот изјави дека законот предвидува суспензија на инсталирањето надзорни камери, инспекции и доставување извештаи до МААЕ.

Засега нема коментар од МААЕ

МААЕ засега не даде коментар на одобрувањето на законот од страна на иранскиот парламент. Шефот на агенцијата, Рафаел Гроси, изјави во средата дека се залага за враќање на инспекторите на иранските локации, вклучително и на фабриките каде што Иран обогатувал ураниум пред израелските напади на 13 јуни.

Целосниот обем на штетата, нанесена на нуклеарните објекти при израелските напади и американското бомбардирање на подземните ирански постројки, сè уште не е познат.

– Мислам дека нашиот став кон нуклеарната програма и кон режимот за неширење на нуклеарно оружје ќе доживее промени, но не е можно да се каже во кој правец – изјави министерот за надворешни работи, Абас Аракчи ,за катарскиот медиум Ал-Араби ал-Џадид оваа недела.

НЕТАНЈАХУ ПРОГЛАСИ ИСТОРИСКА ПОБЕДА „Трамп се вклучи на невиден начин во војната“

Поврзани содржини