Иран ја прекина струјата за Ирак на сред топлотниот бран, граѓаните најавуваат протести
Во јужните провинции, каде просечните температури се околу 50 степени, работното време е скратено поради екстремната топлина, а во Басра, провинција богата со нафта, граѓаните преку социјалните мрежи се повикуваат да протестираат доколку владата не обезбеди електрична енергија до 6 попладне.
Иран го прекина снабдувањето со електрична енергија на Ирак, што предизвика нови нестабилности во Багдад преку оставка на ресорниот министер и најава на граѓаните дека ќе протестираат во Басра.
Со овој потег, Техеран сака да изврши притисок врз владата во Багдад да ги плати своите заостанати долгови, а ирачкиот министер за енергетика Маџид Махди Хантуш поднесе оставка во понеделникот, соочувајќи се со политички притисок и незадоволство од граѓаните поради прекини на електричната енергија низ целата земја.
Во јужните провинции, каде просечните температури се околу 50 степени, работното време е скратено поради екстремната топлина, а во Басра, провинција богата со нафта, граѓаните преку социјалните мрежи се повикуваат да протестираат доколку владата не обезбеди електрична енергија до 6 попладне.
Потпирањето на Ирак на увоз на електрична енергија од Иран е постојан извор на напнатост во односите со Соединетите држави, што условува укинување на санкциите за Техеран, вклучително и продолжување на снабдувањето со енергија за Ирак, бидејќи Багдад исполнува третина од своите потреби со увоз на гас и електрична енергија од Иран.
Ирак му должи на Иран четири милијарди долари за електрична енергија. Долговите се делумно резултат на економската криза, но и на комплицираниот начин на плаќање со цел да се избегнат американските санкции, бидејќи Ирак не може да плаќа, туку ги плаќа своите обврски преку стоки, лекови и други трошоци поврзани со иранската дипломатска мисија и компании кои работат во Ирак.