📽️ ИРАН ЈА ПОЧНА ОДМАЗДАТА КОН САД Нападната американската база во Доха, детонации има и во Ирак
Базата Ал-Удаид е најголемото американско воено упориште во регионот, и клучен стратешки центар од каде се координираат воздушни операции во целиот Блиски Исток. Таму има распоредено околу 8.000 американски државјани и воен персонал, а ротациски служат и британски сили.
Драматична ескалација на тензиите на Блискиот Исток – експлозии одекнаа над главниот град на Катар, Доха, по наводен ракетен напад од Иран врз американската воена база Ал-Удаид.
Како што пренесуваат Ројтерс и АФП, иранските ракети биле лансирани како одговор на претходните воздушни напади на САД врз ирански нуклеарни локации. Нападот, освен во Катар, според државни ирански медиуми, бил насочен и кон цел во Ирак.
Според американски медиуми, експлозии одекнуваат над Доха и над Лусаил, вториот по големина град во Катар. Најмалку 10 ракети се испукани кон Катар и најмалку една кон Ирак.
Како што беше нагласено, Корпусот на Исламската револуционерна гарда објави за операцијата.
– По јасната воена агресија на криминалниот режим на САД врз нуклеарни објекти за мировни цели на Исламската Република Иран и јасното кршење на меѓународното право, под водство на Врховниот совет за национална безбедност и раководството на Централниот штаб на Хатам ал-Анбија (ПБУХ), Корпусот на Исламската револуционерна гарда…ја таргетираше базата Ал-Удеид во Катар со разорен и моќен ракетен напад. Оваа база е седиште на воздухопловните сили и најголема стратешка предност на американската терористичка армија во регионот на Западна Азија – објавија тие.
Засега, деталите за нападот и евентуалната штета не се познати. Покрај Катар, сирени се огласија и во соседните Бахреин и Кувајт.
Базата Ал-Удаид е најголемото американско воено упориште во регионот, и клучен стратешки центар од каде се координираат воздушни операции во целиот Блиски Исток. Таму има распоредено околу 8.000 американски државјани и воен персонал, а ротациски служат и британски сили.
Од Стејт департментот засега нема официјален коментар, додека локалните власти во Доха тврдат дека се преземаат мерки за безбедност на цивилното население.
NOW: 🚨 Doha, Qatar. pic.twitter.com/HB6e0yQ4T3
— Iran Military ( Commentary) (@IranMilitary_ir) June 23, 2025
Катарските власти претходно привремено го суспендираа воздушниот сообраќај низ целата земја, откако Иран се закани со одмазда за американските напади врз неговите нуклеарни постројки.
– Надлежните органи објавуваат привремено суспендирање на воздушниот сообраќај во воздушниот простор на земјата, како дел од низа мерки на претпазливост преземени врз основа на развојот на настаните во регионот – соопшти МНР на Катар.
Во Катар е најголемата база на САД во регионот.