Околу 100 луѓе од 1.000 патници се повредени кога бродот за крстарење се превртел за време на безбедносен маневар во саботата. Повеќето од патниците претрпеле полесни повреди, но петмина биле пренесени во болница откако бродот се закотвил во Портсмут во понеделникот.
Додека бродот бил безмилосно удиран 18 часа, некои очајни патници им пишувале на најблиските во случај да не стигнат дома, додека други трауматизирани патници носеле елеци за спасување два дена без прекин.
„Луѓето им пишуваа пораки на своите сакани во случај да потонеме“, изјавил еден од патниците за Дејли Меил.
Според неговите зборови, капетанот бил преплашен, се слушало во неговиот глас.
Едно лице било пренесено од бродот со хеликоптер, а осум амбулантни возила чекале на пристаништето во Портсмут Интернационал.
Бродот тргнал на 14-дневно патување околу Канарските острови на 24 октомври со околу 1.000 луѓе на него.
Била донесена одлука бродот порано да се врати во Британија поради влошување на времето, но во саботата бродот наишол на бура во Бискајскиот залив, каде што бродовите често наидуваат на немирно море.