ИПИС НАЈАВИ ТУЖБИ ПО ОБВИНУВАЊЕТО ЗА ЛАЖНИ АНКЕТИ Во соработката со МРТ не е инволвирана трета страна, велат од Институтот

1,288

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во соработка со МРТ спроведува серија истражувања во пресрет на претседателските и на парламентарните избори, по углед на соработката која ја имаат водечките светски медиуми и агенции за истражување на јавното мислење за време на изборните процеси во САД и повеќето земји на ЕУ. Оваа соработка е исклучиво врз база на договор меѓу ИПИС и продукцијата која е одговорна за овие емисии на МРТ без притоа да биде инволвирана било каква трета страна, односно друг правен субјект, организација или физичко лице, реагира ИПИС откако СДСМ денеска обвини дека МТВ објави лажни анкети нарачани од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во однос на прецизноста и методологијата на самите анкети, ИПИС со сето свое искуство и минат труд стои позади резултатите кои се објавуваат. За точноста на податоците од истражувањата на ИПИС доволно е да се направи едноставна компарација со претходните изборни циклуси или референдуми во изминатите петнаесеттина години каде јасно може да се види дека сите проекции на изборните резултати кои ги објавил ИПИС се точни, односно во рамки на дозволената маргинална грешка.






Со жалење можеме да констатираме дека дел од општествените чинители наместо да бидат корективен фактор кој ќе се бори и ќе ги сузбива лажни вести и дезинформации, тие во одредени случаи се и самите креатори или поддржувачи на истите. За изнесените невистини поврзани со ИПИС ќе се преземат сите правни средства кои ни стојат на располагање, вклучително и тужби пред надлежните судови“, се додава во реакцијата од ИПИС.

Поврзани содржини