Инвеститорите се прашуваат: Каде е Ворен Бафет?

Невработеноста во САД се очекува да се искачи на најмалку 10%, при што аналитичарите на пазарот предвидуваат дури и раст до 20, но може и 30%, што е дефинитивно совршена можност за Бафет.

1,172

Сите знаат дека тој се подготвува да дејствува. Компанијата „Berkshire Hathaway“ кон крајот на 2019 година имаше слободни парични средства од 128 милијарди долари. Повеќето од нив се инвестирани во државни хартии од вредност и обврзници, пренесува „Investorplace“.

Невработеноста во САД се очекува да се искачи на најмалку 10%, при што аналитичарите на пазарот предвидуваат дури и раст до 20, но може и 30%, што е дефинитивно совршена можност за Бафет.






Засега, сè уште нема никакви активности од Бафет.

Во првиот квартал на 2020 година, тој купи големи пакети акции во „Kroger“ и „Biogen“, кои се претставуваат доста добро за време на тековната криза. Како и да е, „Berkshire“ инвестираше милиони во акции на компании како што се „RH“, „General Motors“, „Occidental Petroleum“, чии акции последниве денови доживеаја голем пад.

Сепак, Бафет исто така губи многу пари од неговите големи инвестиции, вклучувајќи ги „Apple“,  „American Airlines“, „Bank of America“, „Wells Fargo“, „American Express“ и други.

Во последните квартали, компанијата на Бафет исто така успеа да купи многу акции од „Amazon“, една од ретките „победници“ во последните неколку недели.

Друг дел од инвестициите на Бафет е погоден од кризата – акциите во авиокомпаниите, казината и хотелите. Но, наместо да паничи, инвеститорот веројатно ќе се одмори и ќе пие повеќе „Кока-Кола“, чии акции оваа година се намалени за 20 проценти.

Тој дури и му помогна на „Goldman Sachs“ да ги набави потребните количини маски за да бидат доставени во болница во Њујорк.

Но, зошто Ворен Бафет чека?

Една од причините за кои се верува дека Бафет сè уште не направил никаков чекор е тоа што „Berkshire Hathaway“ е првенствено осигурителен бизнис. „Berkshire“ е сопственик на „GEICO“, една од најголемите компании за осигурување и реосигурување во светот.

Акциите на „Berkshire“ од почетокот на оваа година почнаа да губат од својата вредност. Инвеститорите очекуваат да видат каде овој пат Бафет ќе ги вложи своите пари.

Тековните слободни парични средства му се доволни за да купи дури и компании како „Tesla“, „Starbucks“ или „McDonald’s“. Но, тој само прави бизнис на овој начин – Бафет чека паниката да се искачи на максимални вредности и да започне да купува премиум средства по цена за која се смета дека е подарок.

Во годините по глобалната економска криза, Бафет постапи на ист начин и купи 10% од „Bank of America“ со сериозно намалување на цената на акциите.

Можеби ова е тоа што Бафет го чека овој пат.

Сепак, треба да се има предвид дека Ворен Бафет ќе наполни 90 години овој август. Неговиот партнер Чарли Мунџер е уште постар.

Значи – јасно е дека Бафет ќе нè спаси и овој пат, но прашањето е кој ќе нè спаси во следната криза?

Поврзани содржини