ИНВЕСТИТОР ГРАДЕЛ, ГРАДЕЖЕН ИНСПЕКТОР „ГО ПОКРИВАЛ“ Кривична пријава за двајца гостиварци

Инспекторот не излегувал на терен за да изврши увид на објектот, иако за тоа имало службено барање од ОВР Гостивар.

261

Против двајца гостиварци е поднесена кривична пријава поради сомнение за бесправно градење и несовесно работење во службата, информира МВР во дневниот билтен.

Според информациите, З.М. (65) од Гостивар, во март 2025 година, како инвеститор изградил станбен објект на два ката во една населба во градот, без потребната документација издадена од надлежен орган.






Вториот осомничен, В.Р. (42), кој работел како овластен градежен инспектор во Општина Гостивар, не постапил согласно Законот за градење. Тој не излегол на терен за да изврши увид на објектот, иако за тоа имало службено барање од ОВР Гостивар.

Поврзани содржини