ИНВЕСТИЦИИТЕ ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМАТ ВРЕДНОСТА НА ИМОТИТЕ ВО ГАЗИ БАБА Со нова инфраструктура, населбата ќе стане уште поатрактивна, вели Николоски

Најавувам еден голем инвестициски циклус, којшто покрај средствата од општината и оние редовни средства коишто владата ги префрла, ќе има и дополнителни средства коишто Министерството за транспорт ги има обезбедено во соработка со Светска банка и ќе почнеме да ги реализираме од 2026 до 2029 година - нагласи Николоски.

370

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска беше на увид на градежни активности во Општина Гази Баба заедно со градоначалникот и кандидат за уште еден мандат, Бобан Стефковски.

Николоски посочи дека проектот за реконструкција на главната улица „Палмиро Тољати”, која е од поважните сообраќајници во општина Гази Баба, е начинот на кој целосно се решаваат проблемите во општините и во населбите.






– Проектот опфаќа комплетна реконструкција на главната улица и на сите нејзини краци, во вкупна должина од 2,5 км, вкупната инвестиција на овој проект е 37 милиони денари, средства обезбедени од Владата на Македонија преку Министерството за транспорт” – истакна градоначалникот Стефковски.
Тој додаде дека во Хиподром се реконструира улицата Париска Комуна, проект поддржан од Владата преку вториот повик за општински инфраструктурни инвестиции  и најави реконструкција на повеќе главни сообраќајни артерии во Гази Баба, со цел да се подобри патната инфраструктура.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ


– Ова е само еден од низата капитални инфраструктурни проекти коишто се реализираат со поддршка на Владата. Интензивно се гради улицата Париска Комуна, улицата Јордан Поп Јорданов во Маџари, а наскоро од денес започнуваме со градежни активности и реконструкција повеќе главни сообраќајни артерии во Гази Баба – заклучи Стефковски.
Николоски му честиташе на Стефковски за начинто на кој се реализираат проектите.

– Уверен сум дека после неколку недели или месеци кога ќе заврши целата оваа работа, целата населба ќе добие комплетно нов лик и ќе стане многу поатрактивно место за живеење. Се работи за една пријатна населба, за едно убаво место за живеење кое сум убеден дека ќе стане многу атрактивно, особени и во услови кога луѓето бегаат од градскиот метеж, градската гужва и од загадувањето во текот на зимата – рече Николоски.

Тој додаде дека со ова што го прави градоначалникот, освен решавање на инфраструктурните и сообраќајни проблеми, ја зголемува и вредноста на целокупниот имот во населбата.

Николоски посочи дека и во иднина ќе продолжи поддршката за општина Гази Баба, каде градоначалникот води одлична политика, при што општината добива целосна трансформација во овие четири години.

– За жал, од тие четири години, три години немаше некоја добра соработка со претходната влада на СДСМ и ДУИ, но во последната година и три месеци се обидуваме заеднички да го компензираме тоа што можеме. А, ветувам дека во следните четири години, во заедничка соработка помеѓу владата, министерството за транспорт и општината ќе реализираме бројни проекти – истакна Николоски.

Тој искористи можноста и најави голем инвестициски циклус, каде покрај пари од општините и Владата, обезбедени се и финансии од Светска банка.

– Најавувам еден голем инвестициски циклус, којшто покрај средствата од општината и оние редовни средства коишто владата ги префрла, а до сега инвестираме некаде околу 500 милиони евра во сите општини заедно, ќе има и дополнителни средства коишто Министерството за транспорт во соработка со Светска банка ги има обезбедено и ќе почнеме да ги реализираме од 2026 до 2029 година – потенцираше Николоски.

 

Поврзани содржини