ИНВЕСТИЦИИ ВО СПОРТОТ И СЛЕДНИТЕ 4 ГОДИНИ Димитриевски најавува спортски објекти за граѓани од 8 до 88 години
Димитриевски вели дека поддршката од спортистите и спортските клубови е дополнителна мотивација „За наше Куманово“.
Изминатите четири години во Куманово се вложи многу во спортски капацитети, во градење на спортски терени, игралишта. Се вложуваше во училишниот спорт, се организираа спортски турнири и манифестации .Куманово во 2019 година стана Европски град на спортот за 2019 година., изјави денеска кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.
– Поддршката од спортистите и спортските клубови е дополнителна мотивација за наше Куманово! Во следните 4 години продолжуваме со вложување во спортот и спортските капацитети, ќе го јакнеме спортскиот дух и правилен развој на идните генерации. Кумановци активно практикуваат спорт од 8 до 88 години, затоа Куманово е спортски град во вистинска смисла на зборот – вели независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Димитриевски.
Тој ги повика граѓаните да излезат и да гласаат и на 31 октомври..
Сите предвидени проекти може да ги погледнете на веб-страницата www.maksimdimitrievski.mk