ИНВЕСТИЦИЈА ОД 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА НА „КАЗАНЏИ ГРУП“ ВО ГАСНИ ЦЕНТРАЛИ Трајно решение за аерозагадувањето

Се враќа довербата на странските инвеститори за своите инвестиции да ги пласираат во државата, да отворат нови или да ги прошират своите капацитети, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

213

Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е создавање услови за нов циклус на економски раст. Се поттикнува економската слобода на инвеститорите преку креирање на фер услови за сите стопански субјекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

– Се враќа довербата на странските инвеститори за своите инвестиции да ги пласираат во државата, да отворат нови или да ги прошират своите капацитети. За разлика од минатото кога имаше недостаток на доверба кај инвеститорите во владата на СДСМ и ДУИ сега домашните и странските инвеститори имаат партнер во владата на ВМРО-ДПМНЕ – велат оттаму.






Пример за тоа, според партијата, е инвестицијата на турската компанија „Казанџи груп” во гасни централи и на секундарна гасноводна мрежа.

– Се официјализираше меморандум за соработка со компанијата „Казанџи груп” којашто е светски гигант во енергетиката. „Казанџи Холдинг”, е водечка турска компанија со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3,500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти.Во Македонија „Казанџи груп” ќе инвестира 1 милијарда евра за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Придобивка од оваа инвестиција, велат оттаму, што покрај енергетската стабилност, трајно се решава загадениот воздух.

– Со оваа и останатите инвестиции во енергетиката државата ќе стане енергетски независна – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Поврзани содржини