Инвазија на пајаци во Австралија,  полиња покриени со мрежи ВИДЕО

После поплавите на почетокот на јуни, „море од свила“ ја покри областа на државата Викторија, рече универзитетскиот професор Дитер Хокули.

234

Поради инвазијата на пајаци, делови од Џипсланд во југоисточна Австралија се покриени со пајакови мрежи, додека пајаците се обидуваат да избегаат од поплавата.

После поплавите на почетокот на јуни, „море од свила“ ја покри областа на државата Викторија, рече универзитетскиот професор Дитер Хокули.






– Кога ќе нè погоди толку силен дожд и поплави, а оние животни кои вообичаено живеат на земјата не можат да преживеат таму, тие го прават истото како и ние, се селат на височини – рече Хокули, шеф на групата за интегративна екологија, беше објаснето на локалната телевизија на Универзитетот во Сиднеј.

На овие пајаци мрежите им служат како падобрани и го користат ветерот за движење, вели тој.

Австралијците во руралните области беа погодени од голем број катастрофи во последните неколку години.

Поврзани содржини