ИНТЕРВЕНТНА МЕРКА ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ПЧЕНИЦА Ќе добијат 3 денари по килограм за остварено и продадено или складирано производство
Притоа максималната прифатлива количина на пченица е 5.000 килограми по пријавен хектар.
Со помош од 317 милиони денари (5,15 милиони евра) преку интервентната програма владата ќе ги помогне змејоделците. Ова е одлучена на вчерашната владина седница.
Земјоделците кои произведуваат пченица ќе добијат 3 денари по килограм за остварено и продадено или складирано производство на пченица. Притоа максималната прифатлива количина на пченица е 5.000 килограми по пријавен хектар.
„Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои имаат поднесено барање за подмерката директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, имаат засеани и ожнеани површини со пченица, а оствареното производство го имаат прoдадено или складирано кај регистриран откупувач или за потребите на сопствениот преработувачки капацитет во период од 15 јуни до 31 август 2023 година, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи“, наведе Министерството за земјоделство во денешното соопштение.