ИНТЕРВЈУ Горјан Јовановски и „Мој град“ бијат битка граѓаните директно да учествуваат во решавањето на урбаните проблеми ВИДЕО  

„Мој град“  има за цел да инспирира директна демократија преку граѓански предлози, кои се доставуваат до советите на соодветните општини, а потоа тие одлучуваат дали предлозите се прифаќаат или се одбиваат.

971

Новата платформата „Мој град“  за кратко време привлече големо внимание меѓу граѓаните. Таа овозможува да поднесете предлог за подобрување на главниот град или да видите предлози на други граѓани и воедно да гласате за истите. Досега граѓаните доставиле 37 предлози за подобрување на животната средина, урбанизмот, културата или за улиците и патиштата на градот Скопје.

Платформата е дел од проектот на иницијативата „Зелен хуман град“, чија главна цел е да прерасне во масовен форум и извор за решавање на локалните урбани и еколошки проблеми во сите градови во државата.






Со еко-активистот Горјан Јовановски направивме интервју за платформата ,,Мој град”.

„Мој град“  има за цел да инспирира директна демократија преку граѓански предлози, кои се доставуваат до советите на соодветните општини, а потоа тие одлучуваат дали тој предлог се прифаќа или одбива. Неодамна беа изгласани првите топ 3 предлози и доставени до Советот на Град Скопје, но за жал, беа одбиени.

Во моментов „Мој град“ има има 34 отворени предлози на платформата, за коишто можете да гласате.

Употребете ја оваа платформа за да имате удел и можеби токму вие ќе бидете инспирација за подобрување на животот на сите во Скопје. Погледнете кои се некои од најгласаните предлози на „Мој град“:

(Автор на оваа содржина е Даниела Јанушевска, учесник во обуката за млади новинари што ја организира Редакцијата на Плусинфо)

Поврзани содржини