Интерпол алармира: Родители внимавајте, има нов предизвик на „ТикТок“ – групно самоубиство!

Станува збор за профили од Израел и од Русија, во регионот не се забележани такви активности, но сепак како што велат од МВР, Интерпол вакво предупредување испратил до сите земји од превентивни причини за да им се обрне внимание на  родителите да ги следат активностите на своите деца на социјалните мрежи за да не дојдат во допир со вакви опасни содржини.

995

Интерпол испратил писмо до македонското Министерството за внатрешни работи во кое  предупредува дека на социјалната мрежа „ТикТок“ се појавиле неколку профили преку кои се испраќа повик за групно самоубиство на млади луѓе, дознава Плусинфо.

Станува збор за профили од Израел и од Русија на социјалната мрежа „ТикТок“ кои повикуваат на самоповредување на малолетни лица. Но сепак како што велат од МВР, Интерпол вакво предупредување испратил до сите земји од превентивни причини за да им се обрне внимание на родителите да ги следат активностите на своите деца на социјалните мрежи за да не дојдат во допир со вакви опасни содржини.






Токму во таа насока е и апелот од нашето Министерството за внатрешни работи до родителите.

– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица. МВР апелира до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи. Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на наша територија ниту од околните држави, но апелираме на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања – велат од МВР.

Претходно, вакво предупредување од Интерпол објави и српското Министерството за внатрешни работи, кое, како што вели, иако дописот од меѓународната полиција е само информација, ги проверува наводите.

Неодамна Србија и Италија беа потресени од смртта на момче и девојче кои ги следеле инструкциите на предизвик на „ТикТок“. Во Италија починатото девојче беше на десетгодишна возраст, а предизвикот со фатални последици имал за цел, тој што го применува да остане што подолго без воздух.

Поврзани содржини