ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА Е НИЗОК ОБИД ЗА МАНИПУЛАЦИЈА ОД ДУИ Тошковски им посака среќа на пратениците од Европскиот фронт

Македонскиот граѓанин, македонскиот народ многу добро знае што стои зад оваа интерпелација. Собранието ќе си постапи во насока на она што смета, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

157

Интерпелацијата што ја поднесе опозициската ДУИ е „низок обид за манипулација на јавноста“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој рече дека во врска со иницијатвата Собранието ќе постапи како што смета.

Министерот Тошковски рече дека тезите што ги поставува опозицијата, а особено ДУИ, се контрадикторни.






– Македонскиот граѓанин, македонскиот народ многу добро знае што стои зад оваа интерпелација. Нека им е со среќа. Собранието ќе си постапи во насока на она што смета. Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста – рече министерот Тошковски, по средбата со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ.

Пратеничката група на Европскиот фронт вчера поднесе интерпелации за министерот  Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени, кои, како што велат од коалицијата, се главни одговорни за инцидентите на Денот на албанското знаме.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Блерим Беџети на прес-конференција рече дека Тошковски и Исени, како одговорни лица, на празникот ѝ наредиле на полицијата на невиден и неоправдан начин да интервенира, спречувајќи мирна и традиционална манифестација на Албанците.

– Оваа интервенција предизвика непотребни тензии и ја поткопа атмосферата на мир и меѓуетнички соживот. Полицијата наместо да го одржува јавниот ред и да ги почитува правата на граѓаните да го прослават овој ден, поттикна конфронтации и ескалација на тензии. Ова неменаџирање на ситуацијата настана поради неспособноста и непрофесионалноста на министерот за внатрешни работи и неговиот заменик – рече Беџети.

ДУИ поднесе интерпелации и за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ и достави барање на наредната седница на Собранието на дневен ред да биде ставена информација безбедносната состојба во земјата.

МВР во врска со провокациите на прославата со кинење и газење на македонското знаме, досега уапси 18 лица. Од нив кои четоврица се во притвор, а за десетина се покренати прекршочни постаки.

Поврзани содржини