ИНТЕРНЕТОТ Е МРТОВ? Теорија на заговор вели дека сè што кликаме е правено од ботови

Како што алгоритмите стануваат пософистицирани, Интернетот станува посоодветен и агрегиран според каприците на неколку корпорации. Она што го гледаме на Интернет, често е резултат на насочената вештачка интелигенција и алгоритми. Тие ги одведуваат корисниците сè подалеку и подалеку од „органските“ искуства. Тоа звучи малку страшно.

1,591

Антиваксери, рамноземјаши и…и, оние кои веруваат дека интернетот исчезнал негде меѓу 2016 и 2017 година, а сè што гледаме и кликаме денес на веб-страните всушност е генерирано од програми популарно наречени „ботови“, пишува Футуризам. Новата теорија на заговор која ги потресе социјалните мрежи, оди дотаму што вели дека дури и луѓето кои ни коментираат на разните постови, барем повеќето од нив, се ботови нахранети со вештачка интелигенција да ни одговараат и реплицираат.

Ботови на вештачката интелигенција






Една од попопуларните објави што го објаснуваат овој заговор доаѓа од онлајн-форумот „Мекинтош кафе“ на Агора Роуд. Во јануари 2021 година, корисник по име Илуминати-Пират постирал линк до веб-страница насловена како „Теорија за мртов интернет: Поголемиот дел од Интернетот е лажен“. На веб-страницата подетално е објаснето колку од денешниот Интернет е управуван преку самогенерирани содржини и пораки од АИ-ботови.

„Ги видов истите написи, истите слики и истите одговори што се објавуваа постојано низ годините, до тој степен што јас тоа го гледам како незабележливо“, напишал Илуминати-Пират.

Зад ботовите стојат корпорации

Зад смртта на Интернетот стојат корпорации кои работат заедно со владата за да ја поттикнат пропагандата и да ги принудат вистинските корисници да купуваат производи. На крајот на краиштата, би требало да има луѓето во сенка што ги влечат конците.

„Мислам дека е сосема очигледно ова што суптилно го предлагам овде со оглед на тоа како работите се поставени“, напиша Илуминати-Пират на темата.

Дали е Вистина?

Како и со секоја добра теорија на заговор, постојат елементи на вистината што се појавуваат низ неа. Како прво, не можеме да негираме дека денешниот Интернет е многу различен од оној што беше пред само неколку години.

Како што алгоритмите стануваат пософистицирани, Интернетот станува посоодветен и агрегиран според каприците на неколку корпорации. Она што го гледаме на Интернет, често е резултат на насочената вештачка интелигенција и алгоритми. Тие ги одведуваат корисниците сè подалеку и подалеку од „органските“ искуства. Тоа звучи малку страшно.

Тешките твитови и постови сè уште ги создаваат вистински луѓе

Но, да не заборавиме дека голем дел од содржината што ја консумираме преку Интернет, од мемиња, до ТикТок постовите, до отежнувачки твитови, сè уште ја создаваат вистински луѓе…барем засега.

Поврзани содржини