Интернет провајдерите во Германија ќе мора да доставуваат податоци до властите

518

Германската Влада денеска планира да усвои нацрт-закон со кој интернет провајдерите ќе бидат обврзни да соработуваат и да доставуваат податоци до властите.

Провајдерите имаат централно место на интернет, обичниот корисник својот компјутер или телефон не го поврзува директно на интернет, туку преку провајдер. Според нацрт-законот интернет провајдерите ќе треба да им овозможат на властите увид во податоците на корисниците.






Тоа би им овозможило на властите и на тајните служби голем број можности за манипулација и шпионирање. Бидејќи кога нешифрирани пакети податоци стигнат до нив, тие можат да ги читаат, но и да ги менуваат.

Провајдерите стравуваат за својат бизнис ако корисниците ги видат ако продолжена рака на власта и на тајните служби.

Поврзани содржини