Интернет огорчен поради името кое мајка му го дала на новороденчето во време на пандемијата

2,649

Изборот на името за детето може да биде стресно. Некои родители инспирацијата ја пронаоѓаат во популарната култура, некои името го даваат по некоја личност во семејството, а некои името го смислуваат со помош на тековните настани во светот.

Откако неодамна близнаците родени среде пандемијата ги добија имињата Ковид и Корона, слична идеја добила уште една мајка која на новороденчето му го дала името Ковид Брајант. Мајката инспирација ја нашла во пандемијата на коронавирусот и смртта на славниот кошаркар Коби Брајант.






Веста се проширила на Интернет откако една жена по име Нина Кајоса ја објавила на својот профил на Твитер.

„Видов порака на која пишува дека една од ќерките на слугинката неодамна се породила. Никогаш нема да погодите кое име му го дала на новороденчето… Ковид Брајант”, напишала таа, а објавата почнале истиот момент да ја споделуваат илјадници луѓе.

Голем број на корисници на Интернет исто така коментирале под објавата, од кои некои сметаат дека ова име е неприфатливо.

„Ова дете ќе биде исмејувано. Ќе му го дадат прекарот Ви, кратенка од вирус“, „Ова е тотално 2020 година“, „Родителите треба да одат на консултации пред да донесуваат вакви одлуки. Да му дадете на вашето дете име според вирус, дали е тоа за сериозно?“, напишале тие.

 

 

Поврзани содржини