ИНТЕРНЕТ НАРАЧКА ОД НЕПРОВЕРЕНА ФИРМА ГО ЧИНИ 21.000 ЕВРА Тетовски газда тврди дека е измамен од странска трговска фирма

Според она што го соопшти полицијата,  Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од 23.03.2024 до денот на пријавувањето бил измамен од странска фирма за продажба и компанија за транспорт.

308

Сопственик на тетовска фирма е измамен откако на интернет нарачал стока во вредност од 21.000 евра од странска трговска и транспортна фирма.

Настанот како што соопшти полицијата се случил минатиот месец, а во СВР Тетово е пријавен вчера.






Според она што го соопшти полицијата,  Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од 23.03.2024 до денот на пријавувањето бил измамен од странска фирма за продажба и компанија за транспорт.

„Тој преку интернет порачал стока  за потребите на неговата фирма, за која преку банкарски трансакции во неколку наврати платил околу 21.000 евра, но на 17.04.2024 од компанијата за транспорт го известиле дека нарачката била блокирана во Германија. Како што е пријавено, Б.Ф. стапил во контакт со надлежната служба во Германија, од каде му било кажано дека кај нив нема регистрирано таква стока, по што сфатил дека е измамен“, стои во соопштението од полицијата.

Оттаму додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Поврзани содржини