Џенифер Анистон и Бред Пит се запознаа во 1998 година откако ги споија нивните агенти, а тие наскоро станаа еден од омилените парови во Холивуд. По само пет месеци врска, Бред ја запроси Jенифер и тие се венчаа во 2000 година на раскошна, тајна венчавка.
Идилата траеше до 2005 година кога Бред го сними филмот „Господин и госпоѓа Смит“ со фаталната Анџелина Џоли. Наскоро ја напушти Џенифер, за што многу обожаватели неизмерно негодуваа и му забележаа. Тогаш се зборуваше дека Бред сака да се смири и да има деца. Анџелина Џоли и Бред Пит имаат заедно шест деца (три посвоени), а бракот се распадна во 2016 година.
Откако раскинаа, многумина не се помирија со тоа, а фановите го следат секој потег на славните актери со цел да најдат и најмал доказ за нивната врска.
Џенифер Анистон објави ново селфи на Инстаграм, а фановите се убедени дека доказот за нивната врска се крие во позадината на фотографијата. Актерката сподели фотографија зад камерите од снимањето на една емисија, а обожавателите тврдат дека ова е истата област каде Пит го снима својот нов филм, поради што се убедени дека Бред и Џенифер го поминуваат времето заедно.
Анистон објави селфи од собата за шминкање, а зад неа на каучот лежи човекот за кој зборуваат сите. Еден таблоид објави дека добиле информации дека актерката и нејзиниот поранешен сопруг се на исто снимање и дека се поблиски од кога и да било порано.
„Се шират гласини дека Бред поминува многу време со Џенифер“, пишува таблоидот.
— pensador (@sakriosamime) February 5, 2021