„Интернешнал фреш фуд”отвори фабрика за производство на пилешко месо во кривопаланечко
Во фабриката ќе работат 3.000 работници.
Конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешнал фреш фуд“ денеска во кривопаланечко Гиновци го означи почетокот на работа на фабрика за пилешко месо која во следните пет години ќе надмине над 50 милиони евра.
Во фабриката ќе бидат вработени 3.000 работници.
Станува збор за инвестиција по највисоките европски стандарди со фокус на модерно производство на свежо пилешко месо и амбициозен план за изградба на фарми, кланици и хали низ целата држава.
– За прв пат во земјава ќе има сериозно производство на пилешко месо и отвара можност на нашата земја да извезува за странски пазари – изјави премиерот Зоран Заев на отварањето.
Абдулезел Догани од „Интернационал Фреш Фуд” истакна дека покрај придонесот за намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, ќе се зголеми и извозот на странските пазари.
-Сакам да се заблагодарам на Владата со сите инволвирани институции како на централно, така и на локално ниво која во нашиот конзорциум препозна свој доверлив партнер и одговорна компанија. Благодарност за поддршката во насока на подобрување на конкурентноста на домашниот, но и на меѓународните пазари, што резултира нашите македонски производи да бидат препознатливи и синоним за квалитет – рече Догани.