Интернационалната вечер на Охрид-фест е нашата мала „Евровизија“

„Охридскиот фестивал во самиот концепт со својата Интернационална вечер е единствениот фестивал на овие простори што сѐ уште гради регионални мостови во музиката, за која знаеме дека нема граници“, вели Горан Шарац, уметнички директор на Интернационалната вечер на „Охрид фест“

386

Според Горан Шарац, уметнички директор на Интернационалната вечер на „Охрид фест“,  Охридскиот фестивал во самиот концепт со својата Интернационална вечер е нашиот мал Еуросонг или, како што вели: „единствениот фестивал на овие простори што се уште гради регионални мостови во музиката, за која знаеме дека нема граници. И не само тоа, на фестивалот можеме да ги слушнеме различните јазици на кои пеат изведувачите од Балканот.“

Инаку, на 28-то издание на „Охрид фест“ ќе настапат: Марко Кон и Срѓан Марјановиќ од Србија, од Хрватска – Владо Калембер и Теди Грубица, потоа, Црна Гора ја претставуваат Славко Кнезовиќ и Јована Мустур Ражњатовиќ, а Божидар Волф и дуетот Инес Ербус- Давид Амаро се гостите од Словенија. Патем, како што информираше и „Слободна Далмација“, остварената соработка со фестивалот во Шибеник, Фестивалот на шансоната резултираше со тоа што победникот ќе го видиме и чуеме и во Охрид.






На сцената на Долни Сарај ќе настапи и Лиа од Бугарија, од Грција ни доаѓа Толис Дамјанос, додека Рина Рамадани е претставничка на Албанија.

Покрај гостите од странство на Интернационалната вечер ќе настапат и нашите изведувачи- групата „Интервали“, Александар Јосифовски, Филип Јордановски, Лена, Мелани, Слободанка Танева, Барбара Ракичевиќ и Малинова.

„Всушност, Интернационалната вечер е нашиот „Еуросонг“. Песните што ќе ги чуеме на фестивалот го носат печатот и звукот на времето во кое живееме, а секако го опишуваат и просторот од каде доаѓаат музичарите. Секој артист се претставува со песна која го презентира неговиот музички карактер, така што не очекува квалитетна музичка средба“, информира Горан Шарац.

Поврзани содржини