ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ПРОЕКТ „ВОДАТА Е ЖИВОТ“ Стручни презентации од ЈКП Водовод Битола пред основците

17

Eдукативна работилница посветена на значењето на водата, во организација на Инервил клуб Битола, со поддршка на ЈКП Водовод Битола, се одржа на 02.04.2026 г. во ОУ „Елпида Караманди“.

Настанот е дел од интернационалниот проект „Водата е живот – чувај ја водата, чувај ја иднината“, во кои учествуваат клубови од Турција, Северен Кипар и од Бугарија.






– Учениците блеснаа со креативност преку рецитали, драматизации и интересни презентации, испраќајќи силна порака за заштита на водните ресурси. Особен акцент беше ставен на стручните презентации, при што вработените од ЈКП Водовод Битола, технологот Лела Ацевска и инженерот Александар Велјановски, ги презентираа процесите на преработка и контрола на водата за пиење, како и новите инвестициски проекти на претпријатието – соопштија од ЈКП Водовод.

Поврзани содржини