ИНТЕРЕСНО БАРАЊЕ НА ШОН ПЕН Само вакцинирани ќе може да го гледаат неговиот филм (ВИДЕО)

Навистина сакам да одат само луѓе кои се вакцинирани и безбедни за себе и тие околу нив. Филмот ќе се емитува, но повеќето луѓе кои не се вакцинирани веројатно не се заинтересирани за моите филмови, рече актерот.

552

Актерот Шон Пен, кој беше гостин во емисијата „Late Night With Seth Meyers“, зборуваше за неговиот нов филм „Денот на знамето“ и побара во кината да го гледаат оние лица кои што се вакцинирани против коронавирусот.

– Навистина сакам да одат само луѓе кои се вакцинирани и безбедни за себе и тие околу нив. Филмот ќе се емитува, но повеќето луѓе кои не се вакцинирани веројатно не се заинтересирани за моите филмови – рече Шон Пен.






Патем, самиот Пен не сакаше да ја сними серијата „Гаслит“ додека сите во тимот не се вакцинираат против вирусот ковид-19.

Да ве потсетиме, тогаш актерот инсистираше дека вакцината треба да биде задолжителна за секого, дури и преку неговата организација „CORE“, секој треба да се вакцинира, бесплатно, според светските медиуми.

Во електронската пошта, во која актерот бара вакцинација, беше испратена до тимот во средата, со кој се известува дека има достапна клиника која на лице место која обезбедува бесплатни вакцини против коронавирусот. Во меморандумот се наведува дека се достапни неколку избори за вакцини. Исто така, од членовите на производството беше побарано да обезбедат докази за вакцинација.

Погледнете го видеото во кое Шон Пен вели дека би сакал неговиот филм да го гледаат во кината само вакцинирани луѓе:

Поврзани содржини