📽 ИНТЕРЕСНА ТАКТИКА КАКО ДА СЕ ИЗБЕГНАТ 80% ОД ПРАШАЊАТА ЗА ГРУБИ Кој преведуваше на прес-коференцијата на Ахмети пред Уставниот суд?

Епа, нема превод кога тој кој преведуваше на црни листи ми го ставате…Исто така, интересен начин да се покаже концептот за мултиетничко општество за кој наводно се залагаат, коментира познатиот шоумен Богдан Илиевски во врска со прес-конференцијата на лидерот на ДУИ.

1,248

Лидерот на ДУИ Али Ахмети утрово избегна 80% од прашањата на новинарите поврзани со поранешниот вицепремиер Артан Груби со интересна тактика, реагира на Фејсбук познатиот ТВ водител и шоумен Богдан Илиевски.

Споделувајќи го пресот на Ахмети пред Уставен суд каде Ахмети зборува само на албански јазик Илиевски напиша:






„Интересна тактика како да се избегнат прашања за Груби, односно на 80% новинари да им се ускрати правото да постават прашања од интерес на јавноста и да бидат спречени во нивната работа. Епа, нема превод кога тој кој преведуваше на црни листи ми го ставате…Исто така, интересен начин да се покаже концептот за мултиетничко општество за кој наводно се залагаат. Борците против моноетничност. Говорат на јазик кој само тие го разбираат. Само амерички-англиски изгледа е сигурна варијанта за вакви елити“.

По Ахмети на прес-конференцијата зборуваше Бујар Османи, а на прашањето зошто нема превод тој рече дека новинарите ќе добијат транскрипт од изјавата на лидерот на ДУИ.

Поврзани содржини