Интерен извештај на CDC: Делта сојот е позаразен од сипаници
Инфекциите со корона најмногу се случувале кога луѓето патувале или се на одмор, се наведува во најновиот извештај на институтот Роберт Кох, од каде е направена и листа на најризични европски држави. Првите пет места ги делат Шпанија, Турција, Холандија, Хрватска и Грција.
Интерен федерален здравствен документ од Центрите за контрола и превенција на болести во САДCenters for Diseas Control and Prevention (CDC) предупредува дека делта варијантата на коронавирусот што може да се шири „лесно како сипаници“ кај вакцинирани и невакцинирани лица, објавија „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“.
Весниците објавија дека документот е презентација со слајдови дистрибуирана до службените лица во агенцијата, во која детално се опишани тешкотиите во убедувањето на некои популациски групи да се вакцинираат и да носат маски и се повикуваат службените лица на CDC да развијат пораки за јавните служби кои „ја нагласуваат вакцинацијата како најдобра одбрана против варијантата која е толку заразна што делува како различен, нов вирус, пренесувајќи се побрзо отколку еболата или настинката“.
Новото истражување вели дека делта сојот веројатно е и посилен од заштитата што ја даваат вакцините. Вакцинираните луѓе кои се заразиле со делта сојот носеле огромни количини на вирусот во носот и во грлото, што го прави попренослив од САРС, од ебола и од големи сипаници.
Сепак, научниците признаваат дека веројатноста вакцинираните луѓе да го шират вирусот, доколку се заразени, е многу поретка во споредба со невакцинираните луѓе.
Но, за да се спречи смртниот исход, државите ја менуваат стратегијата за да ги убедат луѓето да се вакцинираат, но и за да ги почитуваат мерките. Американскиот претседател Џо Бајден објави дека цивилите вработени во федерална влада мора да бидат вакцинирани или да се подложуваат на редовно тестирање и носење маски.
– Од секој вработен во федералната влада ќе биде побарано да го потврди својот статус на вакцинација – рече Бајден.
Инфекциите со корона најмногу се случувале кога луѓето патувале или се на одмор, се наведува во најновиот извештај на институтот Роберт Кох, од каде е направена и листа на најризични европски држави. Првите пет места ги делат Шпанија, Турција, Холандија, Хрватска и Грција.
На улиците во Сиднеј до 28 август на улиците ќе патролира војската за да контролира дали карантинот целосно се спроведува. Против карантинот се голем дел од Австралијците кои за утре закажаа масовни протести. Властите ги повикуваат луѓето на разумно однесување.
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте најави мерки за затворање во петокот за регионот на главниот град Манила, каде живеат 13 милиони луѓе. Тоа ќе стапи на сила од 6 август и ќе трае до 20 август.
Соседите на Токио се ставени под вонредна состојба од 2 до 31 август, според јапонскиот дневен весник „Асахи Шимбун“. Токио, каде во моментов се одржуваат Олимписките игри, и Окинава, веќе се под вонредна состојба поради ширењето на коронавирусот. Под вонредна состојба бизнисот е суспендиран на локации што служат алкохол. Јапонија објави рекорден број дневни случаи на Ковид во време кога земјата е домаќин на Олимписките игри во Токио.
Од СЗО стравуваат дека 47 од 54-те држави во Африка нема да ја постигнат целта за вакцинирање на 10% од нивната популација до септември. Во Африка се администрирани помалку од 1% од над 4 милијарди дози на вакцини дадени на глобално ниво.
Многу земји од Латинска Америка исто така заостануваат. Регионот, заедно со Карибите. има 1,25 милиони смртни случаи поврзани со Ковид-19. Аргентина, Бразил и Уругвај инокулираа околу 50% од нивното население, а повеќето од другите успеаја да вакцинираат само околу 30% – со Хондурас, Гватемала и Венецуела кои имаат помалку од 10% вакцинирано население.
Глобално, само 1,1 отсто од луѓето во земјите со ниски примања примиле барем една доза на вакцина.