ИНТЕР МУ ОДРЖА ЛЕКЦИЈА НА ЈУВЕНТУС Нероаѕурите ги издриблаа бјанконерите и се пласираа во финале

Вечерва се одигра вториот реванш-натпревар (1:0), а првиот натпревар заврши без победник (1:1) на стадионот на Јувентус.

689

Со погодокот на Федерико Димарко во 15. минута, екипата на Интер ја совлада екипата на Јувентус и се пласираше во финалето на Купот на Италија.

Вечерва се одигра вториот реванш-натпревар (1:0), а првиот натпревар заврши без победник (1:1) на стадионот на Јувентус.






Интер одлично го отвори натпреварот и постојано ја држеше топката во свои нозе. Избраниците на Симоне Инзаги шутнаа вкупно 11 пати кон голот на противникот, додека, пак избраниците на Масимилијано Алегри шутнаа скромни 5 пати кон голот на Андре Онана.

Финалето од Купот на Италија ќе се одигра на 24 мај, а вториот финалист сѐ уште не е познат, но тоа ќе биде победникот во двобојот помеѓу Кремонезе и Фиорентина.

Поврзани содржини