Интер и Јувентус ќе си ги одмерат силите во Саудиска Арабија
Последното издание на Суперкупот се одржа во јануари годинава пред празни трибини поради пандемијата на ковид-19.
Следното издание на италијанскиот фудбалски Суперкуп, во кое ќе играат Интер и Јувентус, повторно ќе се одржи во Саудиска Арабија, која претходно беше домаќин во 2018 и 2019 година.
– Следниот Суперкуп ќе се игра во Саудиска Арабија во присуство на публика, како што е предвидено со договорот – изјави за „Радио Уно“, претседателот на италијанската Лига, Паоло Дал Пино.
Последното издание на Суперкупот се одржа во јануари годинава пред празни трибини поради пандемијата на ковид-19.
Датумот за пресметката меѓу шампионот Интер и освојувачот на националниот Куп, Јувентус, сè уште официјално не е утврден, а според медиумите Суперкупот, најверојатно, ќе се игра во јануари 2022 година.