Интер го посакува Смолинг, но Јунајтед бара 20 милиони евра

Рома сакаше да го откупи 30-годишниот Англичанец, но понудата на Римјаните не им одговараше на Јунајтед. Англискиот клуб го проценува Смолинг на 20 милиони евра.

210

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Крис Смолинг може да го напушти клубот.

Рома сакаше да го откупи 30-годишниот Англичанец, но понудата на Римјаните не им одговараше на Јунајтед. Англискиот клуб го проценува Смолинг на 20 милиони евра.






Сега Интер е заинтересиран за дефанзивецот, пренесува Калчомеркато.

„Неро-азурите“ одржуваа добри односи со Јунајтед по трансферите од Алексис Санчез и Ромелу Лукаку, нешто што може да помогне во зделката.

Смолинг минатата сезона забележа 30 настапи во Серија А, играјќи за Рома како позајмен играч.

Поврзани содржини