ИНТЕР ЈА ПОТОПИ АТАЛАНТА Турам покажа дека е класа
Резултатот беше отворен уште на самиот почеток кога по шутот на Маркус Турам топката погоди противнички фудбалер, а тоа ѝ го смени правецот и влезе право во голот на Аталанта.
Италијанскиот шампион Интер вечерва на „Џузепе Меаца“ ја „преслуша“ амбициозната Аталанта и со четири погодоци во мрежата на противникот дојде до втората победа во третото коло во новата сезона.
Резултатот беше отворен уште на самиот почеток кога по шутот на Маркус Турам топката погоди противнички фудбалер, а тоа ѝ го смени правецот и влезе право во голот на Аталанта.
Вториот погодок го постигна Николо Барела неколку минути подоцна, откако со неверојатен волеј-шут успеа да ја смести топката зад грбот на противничкиот голман.
Останатите два голови ги постигна Французинот Турам, скоро од идентична позиција и ситуација во притивничкиот шеснаесетник.