ИНТЕГРАЦИЈАТА НА ПОА ВО МПЦ-ОА ЗАГЛАВЕНА ВО АДМИНИСТРАТИВНИ ЛАВИРИНТИ? Готово е кога ќе биде готово…

Има одлука ама не е верификувана. Со службата се потврдува припојувањето, но треба официјално да се потврди на седница во полн состав на Светиот архиерејски Синод, која ќе се случи на 20-ти овој месец, истакна портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј.

711

Уште најмалку две недели ќе треба да поминат за да се случи официјалното интегрирање на Православната охридска архиепископија (ПОА) во Македонската православна црква (МПЦ-ОА), бидејќи, како што дознава Плусинфо од високи црковни извори, процедурата била заглавена во црковните административни лавиринти и практично не било возможно интеграцијата и згаснувањето на ПОА да бидат соопштени по денешната историска заедничка литургија во Охрид.

Сепак, како што тврдат нашите соговорници, во моментов не постои простор за загриженост и стравување дека процесот на интеграција повторно би се одолговлечил до недоглед, со оглед на тоа што епископот полошко-кумановски г. Јоаким од ПОА утрово сослужуваше на заедничката света литургија во охридскиот храм „Света Софија“, а таму беше претставен со новата титула епископ илинденско-дељадровски од редовите на МПЦ-ОА.






– Работата практично е завршена и нема простор за паника. Точно е дека се појавиле некакви административни проблеми околу интеграцијата на ПОА во МПЦ-ОА, но не е ништо страшно и за брзо време ќе бидат решени. Помеѓу владиците, а и помеѓу верниците се забележува голема радост и возбуда – изјави нашиот соговорник кој беше присутен на денешната историска служба во Охрид.

Митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј, во кратка изјава за медиумите кажа дека во однос на прашањето за припојувањето на ПОА со МПЦ-ОА треба да има седница на Синодот на 20 јуни.

– Ќе има синодска седница и тоа официјално ќе го објавиме. Има одлука ама не е верификувана. Со службата се потврдува припојувањето, но треба официјално да се потврди на седница во полн состав на Светиот архиерејски Синод, која ќе се случи на 20-ти овој месец – рече г. Тимотеј.

По завршувањето на денешната заедничка литургија, архиепископот г.г. Стефан му подари орден „Свети Климент Охридски од прв ред“ на српскиот патријарх Порфириј, додека, пак, српскиот поглавар му подари златен жезол на македонскиот поглавар.

ЗНАМ ДЕКА ВЕЌЕ ИМАТЕ, АМА ЈАС ВИ ПОДАРУВАМ УШТЕ ЕДЕН Патријархот Порфириј му подари златен жезол на архиепископот Стефан

Поврзани содржини