„ИНСТРУКТОРОТ МУ РЕКОЛ НА КОСТА К. ДА ПУКА СО МОЈОТ ПИШТОЛ“ Шокантна изјава на таткото на момчето убиец
Реченицата што ја изговори Владимир Кецмановиќ ги запрепасти сите во судницата: „Ако сум виновен, сигурно немаше да ме гледате овде“.
Владимир Кецмановиќ, таткото на 14-годишното момче убиец Коста Кецмановиќ, кое го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, пред судот изјавил дека членовите на семејството знаеле дека тој поседува оружје, но дека го чувал во куфери кои служеле и за транспорт и складирање муниција и оружје, кои имале катанец, а само тој го знаел кодот.
Владимир Кецмановиќ 45 минути одговараше на прашањата на судијата и адвокатот на тужителката, наставничката по историја Татјана Стевановиќ. Притоа неколкупати се расплака, но повторно истакна дека не чувствува никаква одговорност за она што го направил неговиот малолетен син, објави српски Информер.
– Имам потреба да ја искажам својата жалост и тага за она што го преживеала Татјана и да ја уважам нејзината болка и патење – рече на почетокот Кецмановиќ.
Реченицата што ја изговори Владимир ги запрепасти сите во судницата: „Ако сум виновен, сигурно немаше да ме гледате овде“.
Понатаму изјави дека Коста К. најмногу време минувал во училиштето и дека наставниците се тие што требало да забележат промени во неговото однесување и да ги информираат родителите за тоа.
Владимир детално опиша како го водел синот на стрелиште
Владимир Кецмановиќ додаде дека го водел синот на стрелиште и го учел да пука со воздушна пушка, а дека да пука со малокалибарско оружје го учеле претседателот на стрелачкиот клуб и инструкторот.
Тој додаде дека тие му одржале на Коста К. обука во траење од 45 минути, а потоа уште двапати му покажувале како се пука со малокалибарско оружје.
Владимир тврди дека инструкторот му рекол на Коста дека треба да се обиде да пука со оружјето кое го има неговиот татко, а тоа е пиштол калибар 9мм – од кој Коста и го извршил злосторството.
Коста анонимно пребарувал на интернет
На прашањето дали проверувал што Коста пребарува на интернет, Владимир рече дека повремено прегледувал, но дека Коста користел анонимен мод за да не може да се види што пребарува.
Коста гледал книга за астрофизика
Владимир раскажа и дека Коста прочитал многу книги, а се расплака кога се присети како биле заедно во книжара и Коста се загледал во книга за астрофизика.
Таткото на Коста рече дека се налутил кога продавачката му рекла на Коста дека тоа не е книга за него, но и дека Коста ѝ објаснил што сè прочитал, по што таа била воодушевена од тоа што го слушнала.