Институтот за културно наследство на Албанците до Шилегов: Вратете ги темелите на куќата на Мајка Тереза
– Изгледа парадоксално тоа што Градот Скопје нема моќ, па дури и толку лесно го занемарува фактот дека така се покриени трагите на нобеловката од Скопје и најголемата личност во светската историја на добротворноста и католичкиот хуманизам, прифатена и во меѓународни рамки, но горчливата реалност е токму ова. Затоа, бараме поддршка, затоа што навистина Гонџе Бојаџиу е скопјанка, но Мајка Тереза му припаѓа на целиот свет и е синоним за хуманизам – вели Асани.