ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ РАСПАЃААТ, УЈП И ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ДУВЛА ЗА РЕКЕТ Ковачевски и СДСМ знаат дека ќе доживеат дебакл, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Одговорност мора да има и овој случај мора да се изведе до крај, повикува опозициската партија.

1,055

„Гледаме од препукувањата помеѓу Вилма Русковска и Арафат Муареми како полека ќе почне да излегува сето она што го правеле, сето она што го ставале под тепих и мислеле дека нема да се дознае. Русковска и Муареми покажуваат како биле злоупотребувани институции, и тие обвинувања и индиции мора да имаат разрешница“, се вели во соопштението на опозицската ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата обвинува дека наместо борба против криминалот, тие го правеле криминалот и бара Муареми и другите институции во системот да кажат дали и ако да, зошто биле злоупотребувани истраги од страна на финансиската полиција за рекет.






„Дали се отворани предмети за да се држат под закана од прогон луѓе или фирми, а потоа откако ги дисциплинирале ги ставале во фиока?“, прашува партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ја прозива Русковска да каже зошто молчела до сега и од кога знае за таквите наводи.

„Дека институциите се гнили покажува и даночниот криминал од скоро 100 милиони евра, кој бил правен со фиктивни фактури, а кој УЈП го криеше од јавноста, сѐ додека ВМРО-ДПМНЕ не обелодени сомнежи за криминал.

Како доаѓа крајот на власта на СДСМ и ДУИ, така с ѐ повеќе излегуваат на површина нивните криминали. Ваквите случаи дополнително ќе бидат истражени по промената на власта и секој кој се огрешил пред законот ќе треба да одговара, а не да се крие зад поранешни функции или политички позиции. Законот ќе важи еднакво за сите“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини