Институциите потрошија само 27,28 отсто од планираното за капитални инврестиции

Податоците на Министрството за финансии покражуваат дека за шест месеци се потрошени околу 106 милиони евра. Дел од државните агенции и инспекторати не потрошиле ниту денар.

313

Владата со ребалансот на Буџетот за годинава  кој е на расправа во собранието планирана е зголемување на капитални инвестиции  на 30,5 милијарди денари односно на околу 500 милиони евра.

– Со овие измени и дополнувања на Буџетот за 2021 година извршено е редизајнирање на расходите со поголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи. Порастот од 26,9% на капиталните расходи е резултат на обезбедување на потребните средства за реализација на дел од мерките на владата – појаснија од владата.






Шестмесечната реализација на капиталните расходи во Буџетот покажува дека државните институции за патишта, училишта, болници, водоводи, студентски домови, спортски објекти, апарати за здравството,  хардвер, софтвер и слично  потрошиле 27,28 отсто од проектираното. Тоа во апсолутни бројки изнесува 6.562 милијарди денари односно околу 106 милиони евра од планираните околу 380 милиони евра.

Според расположивите податоци кои се објавени на страната на Министерството за финансии а кои се однесуваат на периодот од 5 месеци највисок износ на капитални расходи за пет месеци реализирало Министерството за економија од 71,33 отсто, а најмал процент на реализација од 2,31 отсто има Министерството за одбрана. Министерството за транспорт и врски реализирало 12,54 отсто, додека Министерството за здравство кое е најактуелно и оваа година реализирало 26,14 отсто.

Високи  99,24 отсто реализација на капиталните раходи има Агенцијата за разузнавање, а нешто помалку 99,13 отсто Државната комисија за одлучување во управна постапка во работни односи. Некои од регулаторните тела и агенции како и инспекторати не потрошиле ниту денар за капитални инвестиции за пет месеци.

Нискиот процент на реализација на капиталните инвестиции за дел од институциите ќе занчи дека во наредните шест месеци треба дополнително да се ангажираат и да реализираат над 70 отсто од планираното, а за дел кои не реализирале ниту 15 отсто, Министерството за финансии ќе треба да ги пренамени парите.

Министерството за финансии нема податоци за реализацијата на капиталните проекти на јавните претпријатија кои главно ги реализираат најголемите инвестициски проекти.

Според планот годинава треба да се потрошат 840 милиони евра во изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава. Во планот за реализација се и 25 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од 12,7 милиони евра. Годинава треба да се изградат и  вкупно 574 станови за најранливите категории граѓани во 7 општини. Дел од парите треба да завршат во гасификацијата на земјата.

 

Поврзани содржини