ИНСТИТУЦИИТЕ ПОД НАДЛЕЖНОСТ НА АРСОВСКА За 60 дена треба да постават пристапни рампи

648

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска издаде писмен налог до сите јавни институции под надлежност на Градот да направат проценка и да постават пристапни рампи за лица со попречености.

Рокот за имплементација на оваа активност, како што соопшти Град Скопје, е 60 дена, а поставувањето на пристапните рампи е дел од Програмата на Градот за овозможување поголема пристапност за лицата со попреченост до институциите во градот.






„Градот Скопје започнува сеопфатна програма за остварување на еден од главните приоритети за остварување на правата од социјална заштита на лицата со попреченост, односно подобрување на квалитетот на секојдневното живеење и создавање услови за независен живот“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини