ИНСТИТУЦИИТЕ ЌЕ МОРА ЗА 5 ДЕНА ДА ИМ ОДГОВОРАТ НА ГРАЃАНИТЕ Владата сака да стави крај на бирократската ароганција

Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација. Ќе воведеме Јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи, изјави премиерот Христијан Мицкоски на трибина во Струмица.

669

„Свесен сум дека мора да направиме и многу други работи. И работиме на тоа. Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место. Затоа предвидуваме гаранција за услуга, во рок од 5 дена во сите општини и институции. Тоа нема да биде желба, туку закон. Секој граѓанин ќе добие одговор. Навреме, точно и без чекање“.

Вака истакна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина на партијата во Струмица.






Мицкоски најави дека владата воведува нова услуга во администрацијата.

– Ќе воведеме нова услуга каде администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивно. Ставаме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција. Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација. Ќе воведеме Јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи. Транспарентноста ќе стане стандард, пациентите ќе знаат каде ќе добијат најбрза услуга – кажа Мицкоски.

Мицкоски истакна дека во образованието ќе се воведе предмет за изучување на вештачката интелигенција.

– Воведување предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието. Нема повеќе да учиме само за минатото, ќе ги подготвиме генерациите за иднината, за новата економија, за дигиталната ера што веќе тропа на вратата. Ова е визијата што ја градиме – посочи Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ова се темелите кои ги поставуваа владата велејќи дека нема да биде лесно, но ќе биде „чесно, наше и вистинско“.

Зборувајќи за постигнатото во земјоделието во последната година тој истакна дека за помалку од една година Владата исплатила повеќе од 9 милијарди денари субвенции.

– Направивме распределба на земјоделско земјиште. Имаме раст на извозот во првиот квартал од 5%. Вкупно се вклучени 2.109 договори на околу 6 илјади хектари – изјави првиот човек на владата на трибиниата насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“.

Поврзани содржини