ИНСТАГРАМ ГО БЛОКИРАШЕ КАНЈЕ ВЕСТ Поради говор на омраза

Спорната содржина што ја објави Вест сега е избришана, а тој не може да пристапи на својот профил еден ден.

539

Инстаграм го блокираше Канје Вест на 24 часа поради кршење на правилата на таа платформа за говор на омраза, злоупотреба и вознемирување.

Спорната содржина што ја објави Вест сега е избришана, а тој не може да пристапи на својот профил еден ден. Тој нема да може да објавува, лајкува, коментира ниту да испраќа директни пораки, објави синоќа портпаролот на компанијата Џо Озборн.






Веста се однесува на расистичката навреда кон водителот на „Дејли шоу“, Тревор Ноа, откако тој јавно изрази загриженост дека музичарот психички ја малтретирал сега веќе поранешната сопруга Ким Кардашијан. Од Мета најавија и дополнителни чекори против Канје доколку продолжи да ги крши нивните правила.

„Гледам жена која сака да го живее својот живот без да ја злоставува поранешниот партнер“, коментирал Ноа, потсетувајќи се на искуството на својата мајка.

Канје Вест му одговорил со објава на Инстаграм во која стиховите од песната ги заменил со расистичка навреда.

Профилите на Инстаграм може трајно да се блокираат доколку постојано ги прекршуваат правилата. Повеќето профили се блокираат автоматски ако се добијат повеќе апликации, но верифицираните профили како оној на Вест се решаваат преку партнерскиот тим на Инстаграм, кој тесно соработува со голем број познати личности.

 

 

Поврзани содржини