ИНСТАГРАМ ЈА СТОПИРАШЕ АПЛИКАЦИЈАТА ЗА „МАЛИ“ ТИНЕЈЏЕРИ Може опасно да влијае на децата од 10 до 12 години

Во 2020 година, весникот ги прашал тинејџерките да опишат како Инстаграм влијае врз нив во случаи кога се чувствуваат лошо за нивниот изглед. Дури 32 од 100 девојчиња рекле дека се чувствуваат уште полошо поради Инстаграм, 22 отсто изјавиле дека се чувствуваат подобро, а 46 отсто изјавиле дека Инстаграм нема влијание врз нив.

412

Апликацијата „Инстаграм-деца“ (Instagram Kids) наменета за „помладите“ тинејџери од 10 до 12 години може сериозно да влијае на нивното ментално здравје и опасно да ја намали самодовербата кај девојчињата и ќе биде паузирана, стои во истражување објавено во Волстрит Журнал. Инстаграм, компанија којашто е под капата на Фејсбук, решила да прекине со проектот и најпрвин да проба да ги разубеди загрижените родители кои веќе праќале писма и поплаки, дознава Јутарни.

„Иако сме свесни дека треба да го развиеме, решивме да го паузираме овој проект. Ќе го искористиме времето за да работиме со родителите, професионалците и регулаторите, да ги слушаме нивните грижи и да ја покажеме вредноста и важноста на овој проект за помладите тинејџери. Ќе работиме на елементи на софтверот што ќе им овозможат на родителите да ги надгледуваат тинејџерите“, напиша Адам Мосери, лидерот на Инстаграм во својот блог пост.

 






Да ги надгледуваат тинејџерите? Се испоставува дека Инстаграм ќе развива алатки за надгледување на вистинските тинејџери, оние од 13 до 19 години, како замена за „лошата идеја“ за да се направи апликација за „помладите“ тинејџери, односно децата на возраст од 10 до 12 години.

А, во што се состоеше загрижувачката анкета на Волстрит Журнал? Во 2020 година, весникот ги прашал тинејџерките да опишат како Инстаграм влијае врз нив во случаи кога се чувствуваат лошо за нивниот изглед. Дури 32 од 100 девојчиња рекле дека се чувствуваат уште полошо поради Инстаграм, 22 отсто изјавиле дека се чувствуваат подобро, а 46 отсто изјавиле дека Инстаграм нема влијание врз нив.

Сепак, Фејсбук проба да се пожали дека во анкетата биле вклучени само 40 тинејџерки и дека самото прашање во анкетата се базира на негативните страни на популарната мрежа.

Поврзани содржини