Инстаграм ѝ ја избриша фотографијата на Бела Хадид бидејќи ја означила Палестина ФОТО

1,528

Една од најпознатите манекенки на денешницата, Бела Хадид (23), многу се налутила на Инстаграм. Иако таа често објавува фотографии на таа социјална мрежа, имала непријатно искуство што предизвикало јавно да ги преиспита нивните правила.

Манекенката се пожалила дека е цензурирана на Инстаграм затоа што во една од последните објави, посветена на нејзиниот татко Мохамед (71), ја спомнала Палестина, воедно и неговиот роден крај.






– Инстаграм го отстрани моето стори во кое напишав „мојот татко и неговото родно место Палестина“, со фотографија од неговиот американски пасош. Кој дел од мојата гордост на родното место на татко ми е малтретирање (булинг), злоупотреба, вознемирување или голотија? Зошто е ова против правилата? Не смееме да бидеме Палестинци на Инстаграм? За мене, тоа е булинг. Вие не можете да ја избришете историјата со замолчување луѓе. Тоа не функционира на тој начин – заклучила таа револтирано.

Бела Хадид ја следат повеќе од 30 милиони луѓе на таа социјална мрежа, a таа добила илјадници коментари за поддршка по нејзиното истапување. Таа го објавила генеричкиот одговор што го добила од Инстаграм-службата, а кој не ја задоволил.

Спомнатата социјална мрежа „ги измила рацете“ пишувајќи ѝ дека нејзината објава е против правилата за вознемирување и малтретирање и дека тие имаат одредени правила затоа што сакаат нивната заедница да се чувствува почитувана и безбедна.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини