„ИНСПИРИРАШЕ ГЕНЕРАЦИИ, НЕМА ДРУГ КАКО НЕГО“ Мбапе со пофални зборови за Роналдо, но утре ќе направи сѐ Франција да победи
Чест ми е да играм против Кристијано Роналдо. Сите добро знаат колку му се восхитувам. Имав можност да разговарам со него. Често сме во контакт и ми дава многу совети, вели францускиот репрезентативец.
Репрезентативецот на Франција, Килијан Мбапе се појави пред медиумите во пресрет на натпреварот помеѓу Франција и Португалија и упати многу пофални зборови за Кристијано Роналдо.
– Чест ми е да играм против Кристијано Роналдо. Сите добро знаат колку му се восхитувам. Имав можност да разговарам со него. Често сме во контакт и ми дава многу совети. Па да, чест е да се игра против него. Без разлика што ќе се случи во иднина, тој ќе остане легенда“ – вели капитенот на „триколорите“.
Тој посочи дека многу го цени Роналдо, но на утрешниот натпревар му е најважно Франција да се пласира во полуфинале.
– Секој мора да го цени она што тој го има направено, му се восхитувам на тоа колку голем фудбалер е. Нема да има друг како него, тој е уникатен. Обележа една ера, испиша нова историја, инспирираше генерации, остави трага врз многу луѓе, па навистина го почитувам. Но се надевам дека утре ќе нема причина да биде среќен бидејќи сакаме да се пласираме во полуфинале – додаде Мбапе.