ИНСПЕКТОРИТЕ УТВРДИЛЕ 398 НЕПРАВИЛНОСТИ ВО ФАБРИКИ НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА Во „Титан Усје“ не се утврдени неправилности во работата

Гиновска соопшти дека од 1 ноември до денеска се спроведени повеќе од 55 инспекциски надзори на територија на целата држава во инсталации кои имаат влијание врз животната средина преку емисии во воздухот. Издадени се 20 решенија и 3 забрани за работа.

93

До 20 декември 2025 година се реализирани 1.700 инспекциски надзори за амбиентален воздух, од кои 839 редовни, 532 вонредни и 329 контролни инспекциски надзори. Утврдени се 398 неправилности и издадени се исто толку решенија во инспекциската постапка. Покренати се повеќе од 30 прекршочни и 4 кривични постапки, соопшти на денешната прес-конференција во Владата директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска.

Таа информира дека Државниот инспекторат за животна средина работи согласно годишен план за работа одобрен од министетот за животна средина и просторно планирање.






Гиновска соопшти дека од 1 ноември до денеска се спроведени повеќе од 55 инспекциски надзори на територија на целата држава во инсталации кои имаат влијание врз животната средина преку емисии во воздухот. Издадени се 20 решенија и 3 забрани за работа.

Во однос на правниот субјект Цементарница Титан Усје, Гиновска информира дека во 2025 година биле извршени шест надзори, од кои два редовни и четири вонредни инспекциски надзори од различни државни инспектори. Последните вонредни биле извршени на 18 ноември 2025 во 22 часот со инспектор за животна средина од Град Скопје и на 18 декември 2025 со инспектор за животна средина од општина Кисела Вода. Притоа, како што рече, кај сите надзори не се утврдени неправилности во работата на овој правен субјект.

– Секој месец Цементарница Усје до Инспекторатот доставува месечен извештај за емисии во воздухот од сите емисиони точки. Исто така доставува двапати годишно извештај од мерења кои ги извршува акредитирана лабораторија, зашто така се задолжени согласно дозволата – додаде Гиновска.

Гиновска потенцира дека надзорите продолжуваат континуирано и на секои 15 дена Државниот инспекторат доставува извештај до работната група која е формирана од Министерството за животна средина и просторно планирање и го следи спроведувањето на Акциксиот план.

Во моментов има околу 120 правни субјекти со активна А-интегрирани дозвола, согласно Регистарот што го води Управата за животна средина, а на територија на Град Скопје се околу 40.

На заедничката прес-конференција, портпаролката на Владата Марија Митева потенцира дека целта е транспарентно да ја информираат јавноста за тоа како институциите постапуваат и какви мерки се преземаат за унапредување на заштитата на здравјето на граѓаните.

Поврзани содржини