ИНСПЕКТОРИТЕ ОД ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ГИ ПРЕТРЕСАТ СИТЕ ЛОКАЛИ Сопствениците треба да ги спремат потребните документи

Инспекторите ќе издадат Решение за отстранување на недостатоци кои ќе треба да бидат отстранети во рок од 8 дена, како и прекршочен платен налог. 

519
Инспекторатот при Општина Карпош ги информира сите сопственици на локали коишто вршат угостителска дејност – подготовка за послужување храна и пијалоци и кафе барови, дека од вчера започна заедничка проширена контрола на овластените инспектори. Ваква инспекциска контрола последен пат била спроведена во 2024 година.

Општината ги известува сопствениците на локали дека се должни да имаат подготвено фотокопии од следниве документи: Одобрение за вршење дејност, Одобрение за поставување урбана опрема, елаборат за поставување на урбана опрема, тековна состојба, имотен лист за деловен објект, елаборат за заштита на животната средина, елаборат за заштита од пожари и доказ дека истиот е спроведен на лице место, лична карта на одговорно лице, телефонски број и лице за контакт, службен e-mail.

– Овие документи треба да бидат подготвени и да ги поседуваат лицата кои управуваат или работат во локалот, како би можеле да ги приложат на инспекторите при вршење на надзорот. Истите треба да бидат во фотокопија за потребите на инспекциската постапка. Контролите ќе се одвиваат врз повеќе од 100 локали на територија на Карпош, а за сите констатирани неправилности, инспекторите ќе издадат Решение за отстранување на недостатоци кои ќе треба да бидат отстранети во рок од 8 дена, како и прекршочен платен налог – велат од Општината.
Поврзани содржини