Инспектори биле спречени да направат контрола во кафеана на Боемска улица

853

Инспектори  биле спречени да извршат контрола во угостителски објект на Боемска улица, вели раководителката на Одделението за инспекциски надзор Скопје Мери Продановска.

Според неа, додека инспекторите чекале да влезат, од објектот излегол претседател на политичка партија.






– Вечерва, Државниот пазарен инспекторат во редовни надзори, односно вонредни надзори на теритоирја на Скопје околу 18:15 часот беше спречен да изврши увид во еден угостителски објект со образложение дека угостителскиот објект е од зтворен тип и дека нема гости внатре. Колегите продолжија во другите усготителски објекти, но сепак се вратија кај истиот угостителски објект со уште една замолица да им се отвори објектот да извршат надзор. По два и пол часа успеавме да влеземе во објектот, но пред тоа имаше други дејствија, од објектот излегоа луѓе кои инспекторите не можеа да ги легитимираат, но препознаен е претседател на политичка паритја – рече Продановска.

Запрашана кој бил лидерот на партија, што бил во објектот, таа рече дека не може да каже, бидејќи не била таму.

Државниот пазарен инспекторат ќе поднесе две кривични пријави против угостителски објект на Боемска улица во Скопје, каде што се примале гости во затворениот дел од објектот што е строго забрането во услови на пандемија. Едната пријава е за непочитување на протоколот, а другата за спречување на инспекциски надзор.

Поврзани содржини