Инспекторатот за животна средина се „засилува“ со 12 нови инспектори
Планот за вработување, додаваат, треба да се одобри од Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) го достави Планот за вработување за 2021 година и очекува позитивен одговор, откако Владата донесе одлука Министерството за финансии со највисок приоритет да одобри вработувања на нови инспектори.
– Побарано е одобрување да се вработат девет инспектори за животна средина, двајца водостопански инспектори и еден инспектор за заштита на природата, односно, би се вработиле вкупно 12 инспектори, со што би се покриле сите региони, вклучително и тие кои до сега немаа на располагање ниту еден инспектор – соопшти ДИЖС.