Инспекторатот во вонредни надзори по зголемената смртност кај млади од ковид-19

781

Државниот санитарен и здравствен инспекторат истражува за тоа дали имало непрофесионализам и пропусти при третманите на младите лица кои во изминатиот период починаа од ковид-19 поради што беше предизвикана вознемиреност кај јавноста.

– Во тек е постапка за вонредни инспекциски надзори заради вознемиреност во јавноста, за последните неколку смртни случи, особено кај четворицата млади луѓе што починаа пред два дена- 29  годишната струмичанка, за 23 годишната девојка од Скопје, починатиот од  Крива Паланка и други случаи –  изјави за НОВА, д-р. Ирина Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ.






Најголем сомнеж во здравствените способности и третман предизвика смртниот случај на 35 годишната ресенчанка која почина пред две недели во нејзиниот дом, а таму веќе се констатирани пропусти во лекувањето.

– При третата посета после еден месец на 20 мај пристигнати биле резултатите од ПАП тестот, но пациентката не се вратила со лабораториските резултати од 13 март, а лекарката гинеколог не ги симнала од „Мој термин“. Во присуство на инспектори од ДСЗИ, резултатите се испечатени и е констатирано покачен шеќер  во крвта, дури 13,46 и лесно покачен TSH(тироида) Докторката се правдала дека не знаела дека резултатите и стигнуваат во „Мој термин“ и во корона ситуација – вели Сотирова Бухова.

 

Поврзани содржини